Бектеши: Работиме на изградба на капацитети од обновливи извори на енергија со кои ќе влијаеме на заштита на животната средина

24.09.2019 13:19:21

Министерството за економија и Владата ги превземааат сите неопходни мерки за промена на моделот на производство на електрична енергија од традиционални извори во обновливи извори на енергија. Оваа можност е дадена во новиот Закон за енергетика кој е усвоен и кој се имплементира. Објавени се два огласи за изградба на фотоволтаични централи од приватни инвеститори и на државно и на приватно земјиште. Изградбата на овие капацитети ќе влијае позитивно и на заштитата на животната средина, но и ќе ги намали трошоците на домаќинствата за електрична енергија, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на панел дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина„ во организација на Институтот за комуниколошки студии.

„Со новиот Закон за енергетика е дадена можност за инсталирање на нови капацитети за производство на енергија од сонце, од ветер и други обновливи извори. Законот е усвоен и се имплементира. Согласно ова во текот на летото беше објавен првиот оглас за изградба на фотоволтаични централи на државно земјиште со премиум тарифа, каде што им дадовме можност на приватните инвеститори да аплицираат за изградба на енергетски капацитети. Изградбата на фотоволтаични централи не само што ќе влијае позитивно на заштитата на животната средина, туку ќе придонесе до намалување на трошоците кај домаќинствата. Со новиот модел со кој ја заменивме фидинг тарифата која што досега се даваше за производство на струја од обновливи извори со премиум тарифа, на првиот оглас постигнавме да имаме понуди од приватните инвеститори од 0 евра по мегават часови. Од 11 локаци кои ги понуди државата на 7 од нив има понуда од 0 евра премиум. Тоа значи дека државата нема да плаќа од Буџетот дополнителни средства за премиум тарифа за производство на струја од обновливи извори на енергија, тоа на крајот ќе значи и помали сметки за граѓаните. Во меѓувреме го објавивме и огласот за изградба на фотоволтаични централи на приватно земјиште со премиум тарифа, што ќе значи и дополнителни инвестиции во обновливи извори“ истакна министерот Бектеши.

Министерот Бектеши информираше дека Министерството за економија спроведува низа мерки за енергетска ефикасност кои што влијаат позитивно врз животната средина.

„Веќе неколку години ги спроведуваме трите мерки кои што се многу успешни за кои има голем интерес од граѓаните. Првата е за инсталирање и градење на соларни колектори. Втората мерка е промена на дрвени прозорци со ПВЦ и алуминиумски прозорци,  и третата мерка за која во текот на оваа недела ќе го објавиме огласот е замена на печки за греење на дрва со печки на пелети. Поради големиот интерес ние двојно го зголемивме буџетот за енергетска ефикасност во рамки на Министерството за економија“, потенцираше министерот Бектеши.

Информираше дека во оваа насока до крајот на годината ќе биде објавен огласот за субвенции за вградување на плински уреди кај автомобилите. А, од наредната година информираше министерот е предвидено да се реализира и мерката за замена на стари со нови возила, за што се разгледуваат повеќе можности како што се директни субвенции, намалување на ДДВ или акциза за моторни возила и слично, за што во моментов заедно со Министерството за финансии се разгледуваат можните финансиски имликации од мерките.

Во делот на квалотетот на нафтените деривати, министерот за економија информитраше дека за пат во Северна Македонија, согласно Законот за енергетика е набавена мобилна лабараторија за нафтени деривати каде што може да се контролираат сите увозници и безниски станици за квалитетот на горивата кои ги продаваат.